ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Новинар со ефективни copywriting способности од областа на здравството и медицинските науки.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
-врвни новинарски и стилски вештини
-негување на т.н. медицински журнализам
-разбирање на медицинската наука и здравствениот систем
-третирање на теми од областа на медицината и здравјето
-познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди
-компјутерска писменост со напредно познавање на основните компјутерски програми од пакетот Microsoft Office (Word, Excel и PowerPoint) и користење на интернет прелистувачи
- одлично познавање на англиски јазик (дополнителен јазик ќе се смета за предност)
- способност за тимска работа
- способност за работа под притисок
- одговорност, посветеност и темелност во работата
- комуникативност, флексибилност, енергичност
- одлични презентациски способности
- иницијативност, , енергичност и позитивен став
- планирање и распоред на новинарските работни обврски.
- да биде способен/а да прибира и анализира податоци од најразлични извори, и да биде способен/а да идентификува потенцијални можности базирани на овие податоци
Ако сте енергични, храбри и полни со ентузијазам а воедно способни да работите како дел од тим, Ве молиме испратете биографија со назнака Новинар на [најави се за да го видиш е-маилот] во рок од 15 дена од објавување на огласот. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.