МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – КОНСТРУКТОР

  • Објавен пред 3 месеци
  • ОЗОН
  • Активен до 24.01.2019
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот како PDF)

Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – КОНСТРУКТОР

Озон има потреба од машински инженер - конструктор, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за конструирање и изработка на техничка документација и цртежи за производство на машини и производи за климатизација и други производи.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Машински Факултет – Производно инженерство ќе се смета за предност

  • Минимум 3 години работно искуство во конструирање на делови и склопови (задолжителен услов)

  • Доколку кандидатот поседува овластување Б или А ќе се смета за предност

  • Одлично познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – Autocad Inventor” или “Solidworks”

  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

  • Одлично познавање англиски

  • Да поседува вештини за прецизност во работењето, одговорност кон работата, позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност

 

За следниве работни задачи

  • Изработка на технички цртежи и документација за производство во Autocad Inventor”, работа со “CAD/CAM” софтвер, пратење на производствен тек, дизајнирање нови производи, испитување и симулации

  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали

  • Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди

  • Организација и архивирање документација за тековната работа

  • Изработка на извештаи

  • Примена и реализација на современи решенија и технологии во производство

  • Контрола на квалитет

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни солидни примања

  • Работа во климатизирани простории

  • Можност за обука и стекнување нови знаења

  • Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи

  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

КЛИКНИ