Системски Инженер / System Support Engineer

За компанијата: ULTRA Computing is the pillar of the Macedonian ICT industry. With more than 30 years experience on the market, ULTRA Computing is one of the leading companies whose portfolio comprises system integration,... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Ултра ДОО
  • Активен до 23.10.2021
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

                                                       Системски Инженер / System Engineer

Ултра и по 34 години постоење го проширува својот тим! Отворена е нова позиција за Системски Инженер/ System Engineer! Бараме нови искусни, мотивирани и динамични колеги кои имаат желба за иновации и континуирано надоградување! Прати ни го твоето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  и стани дел од нашиот тим!

Основни технички вештини

  • Одлично познавање на Linux сервери: инсталација, одржување и мониторинг;
  • Конфигурација, управување и мониторинг на LAN и безжични мрежи, рутери и свичеви;
  • Основно познавање на виртуелни приватни мрежи - VPN (IPSec, OpenVPN, PPTP protocols).
  • Искуство со VMware или Hyper-V виртуелизација;
  • Солидно познавање на сите компоненти од ИТ инфраструктурата: мрежи, storage и сервери.
  • Искуство со дизајн и имплементација на високо достапни системи;
  • Искуство со дизајн и имплементација на решенија за business continuity и disaster recovery;
  • Познавање на backup и archive софтвери и решенија.

Дополнителни технички вештини кои ќе се сметаат за предност

  • Искуство со storage сервери и системи;
  • Искуство со SAN мрежи;
  • Автоматизација со скрипти: bash, PowerShell;

Квалификации и способности

  • Високо образование од областа на информатика/компјутерско инженерство или слична област;
  • Минимум 3 години работно искуство на позиција поврзана со ИТ ќе се смета за предност;
  • Поседување на ИТ сертификати (Cisco, VMware, Microsoft...) ќе се смета за предност;
  • Солидно познавање и комуникација на англиски јазиk;
  • Посветеност, одговорност, самодоверба, независност во работата;
  • Позитивен однос кон колегите во тимот;
  • Снаодливост и способност за брзо надминување на кориснички проблеми;
  • Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата