Административен асистент

Плата од 30.000 ден. до 40.000 ден.

За компанијата: Скала е школа за дизајн, уметност и технологија (Founded by Djolev and the Arts) специјализирана за академии и обуки од областите на: графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт... повеќе за компанијата »

Согласно потребите, „Скала“ објавува оглас за проширување на својот тим, односно за вработување на: Административен асистент.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Комуникација со странки, обработка на апликации и подготовка на договори за упис во школата;
  • Подготовка на договори и меморандуми на соработка за потребите на школата;
  • Подготовка на договори за внатрешни/надворешни соработници и консултанти во школата;
  • Директна соработка со административниот тим, редовна комуникација со тимот од настава, надворешните соработници и консултанти ангажирани во школата;
  • Логистичка поддршка при наставни активности во рамки на школата;
  • Менаџирање и архивирање на податоци, како и ажурирање на дата-бази на контакти.

Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
  • Способност за работа под притисок и работа во тим;
  • Напредни познавања на MS Office и Google Workspace;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Кои претходни искуства би те издвоиле?

  • Завршено високо образование од областа на правните науки, односи со јавност, менаџмент, маркетинг и други комуникациски студии.
  • Претходно искуство во граѓанскиот сектор, волонтерски активности во студентски и невладини организации (за предност се смета доколку тие организации директно биле вклучени во областа на образованието).

Дополнителни информации:

Работното време во „Скала“: од понеделник до петок, 10:00-18:00.

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Административен асистент“ на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 20.1.2024 год.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »