За компанијата: Со 7 факултети, повеќе од 40 програми за додипломски, магистерски и докторски студии и школа за англиски јазик, Меѓународниот балкански универзитет започнува со иновативни и современи пристапи во образованието засновани на универзални вредности.
повеќе за компанијата »
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР / АРХИТЕКТ
Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Градежен Инженер / Архитект.
Главни одговорности:
- Контрола и надзор во извршување на градежни работи
- Комуникација и координација со изведувачот и инвеститорот
- Водење на проекти и учество во проектирање на градби од делокруг на струката и изработка на проекти за организација и реализација на изградба, реконструкција или одржување на градежни објекти
- Следи прописи и законски акти од Законот за градежништво и слични закони;
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование - Градежен Факултет;
- Работа со компјутери, познавање на MS Office, Internet и Auto CAD
- Да поседува минимум Б овластување за изведба
- Документирање, изработување на понуди,градежни дневници, градежни книги и ситуации
- Работа на терен
- Одлично познавање на постапката за изработка на основен проект и добивање одобрение за градење
- Поседување на возачка дозвола - Б категорија
- Лојалност и одговорност;
- Кандидатот треба да биде комуникативнен и прилагодлив, подготвен за тимска работа во динамична работна атмосфера;
Личен профил:
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
- Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната свера;
- Професионален однос кон работата;
- Одговорност и способност за организација;
- Дискреција и доверливост;
- Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
- Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина;
- Предлага и иницира нови идеи и активности;
- Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите;
Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака на следната емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022
Слични огласи »