Бејбиситерка со познавање на ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Бараме Бејбиситерки кои течно говорат Германски јазик 

Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различноста и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерното и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.

Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на Бејбиситерки со говорење и разбирање на Германски јазик - кои би работеле за време на Новогодишните и Божиќни празници за странски семејства

Локации: Карпош, Центар, Црниче, Влае, Аеродром, Ново Лисиче

НАДОМЕСТОК: 200 МКД од час

 

Клучни одговорности на бејбиситерката(според барање на семејството):

  • Придружба, играње и занимавање со детето/децата
  • Давање на оброк
  • Прошетка
  • Пресоблекување
  • Читање на прикаски
  • Заспивање
  • Пречекување на родителите

Квалификации и вештини:

  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО Одлично познавање и говорење на Германски јазик
  • Одлични комуникациски вештини
  • Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување
  • Сериозна и стабилна личност

Нудиме:

  • Можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување, 
  • Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата,
  • Пријавување во работен однос,
  • Можност за едукација, 
  • Присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 20 декември 2017 година.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »