За потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на
ДАДИЛКА – негувателка на дете(1 годишна возраст) во домот на семејство, населба Центар, полно работно време 08:00 – 18:00 часот, од понеделник – петок.
Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник - петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето. Дадилката ќе биде слободна за викенди, државни и верски празници и ќе има можност да искористи денови за годишен одмор, кои ќе и бидат платени.
Плата: 15,000 МКД нето + пријавување во работен однос со придонеси (22,000 МКД бруто)
Квалификации и вештини:
Минимум средно образование
Препораки од претходни работодавачи (семејства)
Познавање на странски јазик ќе се смета за предност, но не е задолжително
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 10 август 2019 година на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Само кандидати чии вештини и квалификации одговараат на потребите на семејството ќе бидат повикани на интервју. Биографии и апликации доставени после наведениот рок нема да бидат земени превид.
Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.
Повеќе информации и на : www.babysittingmk.com