Стручно лице за одржување - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

ЦЕРМАТ ДОО Битола има потреба од Стручни лица за одржување во производство во Битола.

КВАЛИФИКАЦИИ:

  1. ССС или ВСС – машинска или електро насока;
  2. Со и без работно искуство во соодветната област;
  3. Познавање на компјутерски апликации-MS Office пакетот, Internet;
  4. Познавање на странски јазик ќе се смета за предност.

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  1. Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  2. Посветеност, мотивираност, флексибилност и адаптибилност.
  3. Одговорна, добро организирана личност, со виско ниво на дисциплина и детален пристап;
  4. Способност за аналитичко размислување и решавање на проблеми.

ОДГОВОРНОСТИ:

  1. Работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност;
  2. Грижа и контрола на исправноста на опремата и нејзина коректна работа за време на производствениот процес;
  3. Грижа за навремено отстранување на сите дефекти;
  4. Превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.

 

Заинтересираните кандидати да достават CV со слика на Македонски Јазик, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: Стручно лице за одржување во производство,  најдоцна до 31.10.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »