Асистент за човечки ресурси - Прилеп

  • Објавен на 2.2018
  • Тритекс Трејд ДОО
  • Активен до 13.03.2018
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Прилеп
  • Телефон: 048413929

Реномираната компанија ТРИТЕКС ТРЕЈД од Прилеп, заради зголемување на обемот на работа има потреба од проширување на тимот со:

 

Асистент за човечки ресурси - Прилеп

 

Позиција во организациска структура: Правен сектор

Образование: ВСС: Економски Факултет/ Општествени науки/ Бизнис администрација

 

Опис на работни задачи:

  • Организација и имплементација на регрутација и селекција на кандидати за вработување,
  • Спроведување на сите процедури и политики за човечки ресурси усвоени и поставени согласно стандардите во компанијата,
  • Изработка и спроведување на планот за развој на човечките ресурси (број на вработени, план за вработувања, план за обука) на годишно ниво,
  • Надгледување и оценување на интерни обуки,
  • Ажурирање на база на вработени во систем,
  • Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси,
  • Поддршка на Генералниот директор во спроведување на политиките на компанијата,
  • Следење на Законските рамки во Р.М поврзани со работни односи во консултација со правен сектор,
  • Следење на сите законски рамки поврзани со Законот за безбедност и здравје при работа.

 

Претходно работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична позиција

Работно искуство кое се смета за предност: Пожелно е работно искуство од 1 год во производствена компанија

 

Други квалификации:

  • Задолжително познавање на англиски јазик (говорен и пишан), солидно познавање на MS Office пакет, посебно Excell,
  • Поседување на изразени комуникациски особини, трпеливост, силен карактер со потенцијал за менаџерска позиција.

 

Вашите професионални биографии, испратете ги на следниот маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »