За компанијата: ГЕОСПЕЈШЛ НЕТ ДООЕЛ е динамична и иновативна компанија која обезбедува врвни услуги во областа на телекомуникациите и геопросторните технологии. Нашата експертиза опфаќа проектирање на оптички телекомуникациски...
повеќе за компанијата »Бараме амбициозни и професионални CAD Специјалисти/Проектанти да се приклучат на нашиот тим.
Барања:
- Минимум 2 години работно искуство на слична позиција.
- Завршено високо образование – технички факултети (Градежен, Архитектонски, Електротехнички, Сообраќаен или Машински).
- Одлично познавање на CAD софтвери (AutoCAD – напредно ниво).
- Искуство со MicroStation или ГИС софтвери ќе се сметаат за предност.
- Напредно познавање на MS Office, особено MS Excel.
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан).
- Познавање на дополнителни јазици ќе се смета за предност.
- Познавање на правилници за проектирање, градежни материјали и нивна употреба при проектирање и градба.
- Разбирање на процедури за комплетирање на проектна документација и подготовка за аплицирање кај надлежните институции.
- Искуство од областа на телекомуникации или електротехника ќе се смета за предност.
- Лиценци и овластувања ќе се сметаат за предност.
- Возачка дозвола од Б категорија.
Работни задачи и одговорности:
- Подготовка на општа, текстуална, графичка и друга документација за проекти.
- Изработка на проектна документација за архитектонски/градежни проекти во согласност со барањата на клиентите, законските прописи и урбанистички услови.
- Координација со учесниците во проектот во сите фази на проектот.
- Координација и редовно информирање на менаџерите за напредокот на проектите.
- Имплементација и користење на нови технологии, модерна опрема, материјали и иновативни процедури.
Како да аплицирате:
Испратете го вашето CV и портфолио на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов:
„ Апликација за CAD Специјалист/Проектант – [Вашето име].“
Краен рок за аплицирање 10.01.2025 година
Придружете ни се и бидете дел од тим кој поставува нови стандарди во индустријата!
Слични огласи »