Проект менаџер

За компанијата: Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • BE-DA Logistik
  • Активен до 04.09.2024
  • Позиција: Аналитичар
  • Локација: Скопје
  • Веб: be-da.mk/
  • Facebook: bedalogistic

БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје е компанија за организирање и посредување на меѓународен транспорт со повеќе од 12 години присуство на пазарот.  
Посветени сме на иновации и секогаш доследни на нашата визија и мисија, обезбедувајќи им врвна услуга на нашите клиенти.
Негуваме култура на континуирано подобрување и соработка, каде што се вреднуваат придонесите на секој член од тимот. 

Поради работа на нови проекти, во потрага сме по:

                                                                          ПРОЕКТ МЕНАЏЕР 

Потребни вештини за квалификација:
- Познавање на странски јазици (англиски задолжително)
- Искуство (mid level) во управување и менаџериање со проекти
- Работење со платформи за project management (Monday, Asana, Hive) 
-  Добра организација и способност за управување со повеќе задачи истовремено 
- Аналитичен пристап кон нови и тековни задачи со цел на успешни резултати 

Личен профил: 
- Одговорност и прецизност
- Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
- Способност за достигнување на кратки рокови и предизвици
- Силни комуникациски вештини и способност да одржува пријатен и професионален однос со надворешни соработници 

Опис на работните задачи:
- Планирање и водење на конкретниот проект од почеток се до негова целосна реализација, со целосна сигурност дека сите барања се исполнети на време и во рамките на можностите 
- Ефективна комуникација со маркетинг секторот на компанијата и со надворешни развојни тимови 
- Следење на напредокот на проектот, идентификување на ризици и ублажување/елиминирање на истите
- Внимание за усогласеноста на проектот со целите на компанијата
- Други задачи поврзани со остварувањето на дефинираните цели на проектот 

Во БЕ-ДА Логистик оваа позиција овозможува да станеш дел од проект кој ќе ја обликува иднината на нашата компанија. Ги цениме проактивните индивидуи и обезбедуваме средина каде што нивните придонеси ќе бидат препознаени и наградени.

Ако барате место за растење и надоградување, Ве охрабруваме да аплицирате на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака на апликацијата "Проект менаџер"

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »