Специјалисти за комуникација на германски и француски јазик

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе десет години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. За потребите на нашите клиенти од земјите со француско и германско говорно подрачје, креираме тимови за деловна комуникација во различни области кои работат по највисоки професионални стандарди во индустријата.  

Заради зголемениот обем на работа во идниот период како и работа на нови проекти, отворени се нови позиции за специјалисти за комуникација на:

  • Француски јазик – 1 работна позиција со полно работно време.

 

  • Германски јазик – повеќе работни позиции со скратено работно време од 17-21 часот. Можност за работа од дома!

 

Задолжителни квалификации за оваа позиција се одлично говорење на француски и/или германски јазик ( минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен). Во апликацијата задолжително да се наведе кој/кои јазици аплицира кандидатот.

Со резимето, кандидатите треба да испратат пропратно писмо во кое ќе образложат како во досегашното искуство го користеле јазикот за кој аплицираат, дали и колку престојувале во земјата каде што се зборува тој јазик.

Потребно е солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер.

За оваа позиција примањата се над просечните, а со договорот се предвидени бонуси и награди според јасно определени критериуми.

Заинтересираните треба да испратат кратка биографија на нашата е маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .

Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш. Искористете ја можноста да се  приклучите кон професионален и мотивиран тим каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »