(преземи го огласот како PDF)
Скопски Легури Mајнинг ДООЕЛ Скопје вработува МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Главни одговорности и обврски:
- Раководи и го организира одржувањето на постоечката опрема и ремонти на истата;
- Врши контрола на изведбата на проектите од надворешни изведувачи;
- Работа со проектна документациjа за постоечки и нови проекти, преговори со компании и учество при избор на наjповолен коминтент ;
- Врши други работи и задачи по налог на претпоставениот раководител.
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Диплома за завршено високо образование , Машински факултет;
- Напредно познавање на MS Office (Word, Excel. Powerpoint), работа во AutoCAD;
- Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик;
- Одлични интерперсонални и комуникациски способности позитивен однос и одговорност кон работата;
- Силно развиени аналитички способности, навремено и прецизно анализирање и известување.
Компанијата нуди:
- Соодветен паричен надоместок за работа со редовно работно време од 40 часа неделно + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
- Обезбеден и платен топол оброк;
- Годишен одмор од 24 работни дена;
- Работа во интернационална компанија, динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.
Сите заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија на следниот емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Машински инженер,
Aпликациите ќе се прифаќаат до 20.12.2024 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за Вашиот интерес.
Слични огласи »