Административен асистент

Плата од 30.000 ден. до 40.000 ден.

За компанијата: ВЕНЕРАС е една од водечките компании за посреднички и образовни услуги во Македонија. Односно, нашата компанија дава консултантски услуги за образование и работа во Сојузна Република Германија и во други држави од Западна Европа. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Дали си подготвен за твојот нов предизвик? Дали сакаш интересна и динамична работа?
Венерас е вистинското место за тебе!

Групација Венерас нуди можност за вработување на полно и скратено работно време, бараме високо мотивирана, организирана и иницијативна личност, која ќе се грижи заедно со целиот тим за над стотици вработени ширум ЕУ.

Компанија која во последните дванаесет години расте и се развива, постојано ги збогатува сферите на услуги како што го обогатува своето искуство според европски стандарди.
Ние сме тука да ти понудиме одлична работна атмосфера, можност за унапредување, сигурни примања, во топли и пријатни услови за работа, динамика во контакти со клиенти, соработници и деловни партнери!
Доколку сакаш предизвик, лесно се прилагодуваш, имаш позитивен и професионален пристап кон работата и ги поседуваш потребните квалификации, те повикуваме да се приклучиш кон нашиот Тим. 

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство со канцелариско работење;
  • Завршено високо образование;
  • Силни вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Позитивен пристап кон клиентите, колегите и решавање на работните предизвици;
  • Способност за ефикасно работење во динамична средина со комерцијална ориентација и работа под притисок;
  • Способност за правилно, оптимално планирање и извршување на работните задачи, како и на ненадејно зададени задачи со приоритет;
  • Способност за јасна и ефективна комуникација со личности од различни хиерархиски нивоа и националности, силни продажни вештини;
  • Активно работење со MS Office системот;
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Предност имаат кандидатите со познавање на германски јазик

Главни задачи на административен асистент:

  • Подготовка на договори и архивирање;
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци и документи;
  • Прием на повици (комуникации со странки, закажување на состаноци);
  • Пронаоѓање на потенцијални клиенти;
  • Одржување на добра комуникација и следење на постоечките клиенти;
  • Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во компанијата, како и да ги достигне, а доколку е возможно да ги надмине поставените цели;
  • Преземење на задолженија и задачи што спаѓаат во рамки на неговата/нејзината работна позиција, или се доделени од страна на управителите на Друштвото.

Што добивате:

  • Можност да работите во компанија каде ќе имате чувство на припадност;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Услови за работа по европски стандарди;
  • Можност за брзо напредување во компанијата.

Доколку сте проактивни, креативни, имате добро професионално искуство и сакате да бидете дел од Групација Венерас, Ве мотивираме да се пријавете на следнава емаил адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »