АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Активни огласи од Фасилити Менаџмент Сервицес дооел:

СУПЕРВИЗОР НА ПЕРСОНАЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА - ХИГИЕНИЧАР - Инженер за одржување

Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, лиценцирана компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.

 

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

 

Одговорности и задачи:

  • Организира административни, финансиски и организациски задачи при работењето,
  • Прием и проследување на повици, прием на нарачки, проследување на документи,
  • Деловна коресподенција,
  • Прием и пречекување на клиенти,
  • Водење на деловодна книга, архивирање на документи и подготовка на извештаи,
  • Набавка на канцелариски материјали,
  • Останата административна поддршка.

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование,
  • Претходно работно искуство во администрација ќе се смета за предност,
  • Активно познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација),
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите.

 

Личен профил:

  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет,
  • Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник,
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини,
  • Аналитички способности, упорни и енергични,
  • Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба,
  • Професионален и позитивен однос,
  • Љубезност и учтивост,
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок.

 

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: jobs@fms.com.mk, со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

 

КЛИКНИ