Административен работник

За компанијата: Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот... повеќе за компанијата »

ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА е дел од ELTA 90. Групација која има свои преставништва низ земји од Југоисточна Европа, застапник на голем број светски компании за производство на  лабораториска и медицинска опрема  има потреба од: 

1- Административен Работник

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено  Високо образование;
  • Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
  •  Одлично познавање на Англиски Јазик
  •  Комуникациски и организациски способности
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост.
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
  • Претходно искуство на иста или слична позиција ке се смета за предност

Одговорности:

  • Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
  • Блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите;
  • Архивирање на влезна и  излезна пошта, скенирање, копирање;
  • Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди ), изјави и договори 
  • Административна подршка во работењето (подготвување и доставување на известувања, барања и сл.). 

Ние како компанија нудиме работа во позитивна, динамична и стимулативна средина. 

Заинтересираните кандидати да ја достават својата CV (кратка биографија)  најдоцна до 31.10. 2021 на  e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »