Касапи

БАРАТЕ РАБОТА?

Можеби дури и сте нашле но, некако не ви се чини стабилна!?

Сте останале или ќе останете технолошки вишок!?

КОНЕЧНО можност за загарантирано вработување!

Гринагро д.о.о.е.л. нуди обука и 24 вработувања на позиција касап во реномирани маркети и месари низ цела Македонија.

Компанијата „Гринагро“ која се занимава со производство и дистрибуција на сточна храна, во изминатиов период препозна голема потреба од касапи на пазарот во Македонија при што, во соработка со реномирани маркети во Македонија, обезбеди загарантирано вработување на 24 касапи кои успешно ќе ја поминат двомесечната обука.

Кандидатите откако ќе поминат три месечна пракса за која ќе бидат платени 14000 денари месечно, ќе добијат решение за работа со почетна плата од 18.000 денари и можност за брзо напредување и брз раст на платата.

Кандидатите можат да се пријават со испраќање на Кратка Биографија - CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  . Принципот на учество е „прв пријавен – прв услужен“ така што доколку имате намера да се пријавите сторете го тоа што побрзо.

Кандидатите не мора да имаат никакво искуство во месна индустрија, бидејки ќе поминат БЕСПЛАТНА ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА за Касапи.

Активноста се реализира со поддршка на CEED Hub Скопје.

За сите прашања обратете се на

Анѓела Стојковиќ 077/833-504.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »