Поради зголемување на обемот на работа, компанијата ХЕЛИОС МАКЕДОНИЈА има потреба од нови соработници на следната работна позиција:
ТЕХНИЧКА ПОДРШКА
Потребни квалификации:
· Високо образование – ВСС (хемиски,градежен,технолошки инжењер)
· Одлично познавање на основен Microsоft Office пакет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
· Знање на англиски јазик
· Возачка дозвола „Б“ категорија - активен возач
Задачи и одговорности:
· Планирање и организирање на продажни активности и презентации, изготвување извештаи и унапредување на продажбата и техничка поддршка на пазарот
· Посети и комуницирање на постоечки клиенти и изнаоѓање на нови клиенти
· Следење и грижа за наплата на побарувања
· Изготвување комерцијални понуди, технологии, договори, техничка и тендерска документација
Личен профил:
· Одговорна и лојална личност
· Комуникативност и презентациски вештини
· Самоиницијативност при извршување на работните задачи
· Способност за индивидуална и тимска работа
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, Ве молиме да ја доставите вашата професионална биографија – CV, на e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 15.02.2019 год. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати доколку ги исполнуваат наведените услови во огласот.