За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од вработување на 1(еден) работник на следната работна позиција:
Директор на Дирекција за финансиско управување и известување
Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома, Економски науки;
- Најмалку 8 години од кои најмалку 4 во раководна функција од областа на финансиско управување
- Поседување на лиценца за овластен сметководител
- Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
- Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.
Работни обврски
- Управува и го организира работењето на Дирекцијата за финансиско управување и известување;
- Изговува финансиски извештаи до Органите на Друштвото и надворешни институции;
- Го органзира финансиското планирање и известување и изготвува на финансиски планови, план за приходи и расходи, годишен буџет и финансиски анализи;
- Врши планирање, анализа и следење на вложувања на финансиски средства;
- Врши планирање, анализа и контрола на трошоци;
- Преземање мерки за соодветно управување со финансиски ризици;
- Презема иницијатива и дава предлози за автоматизирање на процесите од финансиска област;
- Врши и други сродни работи.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Директор на Дирекција за финаниско управување и известување”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »