За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот...
повеќе за компанијата »Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
• Диплома за завршено високо образование (Економски факултет)
• Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office и сметководствени апликации), како предност ќе се смета познавање на Pantheon
• Познавање на англиски јазик (деловна коресподенција)
• Работно искуство најмалку 5 години како сметководител
• Аналитички способности
• Уверение за овластен сметководител
Одговорности:
• Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото
• Контрола на книжење на финансиската и материјална документација
• Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
• Подготовка на финансиски извештаи
• Комуникација со сите релевантни државни институции
Своето CV доставете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: "Сметководител"