Account manager

Atom distribucija MK е отворена во мај 2017 година во форма на дистрибутивен центар во Македонија. Компанијата е влезена на македонскиот пазар како овластен дистрибутер на Xerox. Градејќи понатаму партнерство со реномирани имиња од ИТ индустријата, компанијата е во можност да им понуди на своите клиенти богато портфолио. Денес, таа застапува препознатливи брендови на пазарот во сегментот на печатење, мобилна телефонија, мултимедија.

Account manager

Опис на работното место

• Ги следи финансиските и количинските реализации на месечните, кварталните и годишните планови за продажба и предлага активности за подобрување на продажбата

• Комуницира со партнерите

• Иницира и спроведува активности за унапредување на продажбата на роба како следење залихи

• Развива односи со нови корисници и одржува односи со постојните

• Комуникација со клиентите во врска со статусот на тековните, како и започнувањето на нови проекти

• Ги следи тендерите во ИТ индустријата

• Развива и спроведува маркетиншко-продажни планови и програми со цел да обезбеди раст на профитот и ширење на производниот асортиман

• Анализира можности и предлага активности за зголемување на продажбата

• Го следи остварувањето на годишните, кварталните и месечните планови и подготвува седмични извештаи за реализација на плановите за продажба

Одговорности

• за исполнување на усвоените деловни планови за промет и РУЦ

• за квалитетно и ефикасно извршување на професионалните, оперативните и организациските задачи наведени во описот на работата

Очекувања

• Јасна и прецизна комуникација, држење презентации и настапи пред другите

• Систематичност и посветеност кон целите, ориентиранст кон резултати

• Толеранција на несигурност и отвореност кон нови искуства

• Ориентираност кон клиенти, високи стандарди за квалитет и продуктивност

• Употреба на технологија и континуирано усовршување

• Воспоставување на нови социјални односи

• Преговарачки вештини

• Преземање одговорност, иницијативи и брзо донесување одлуки

• Следење на трендовите, конкуренцијата и финансискиот пазар

Услови

• Економски, технички, компјутерски науки, степен VII / VI

• Работа со компјутер - MS office (Word, Excel, Power Point)

• Одлично познавање на англиски јазик

• 3 години работно искуство во ИТ индустријата

• Возачка дозвола Б категорија

• Предност ќе имаат кандидатите кои го познаваат ИТ пазарот во Северна Македонија

Доколку сте заинтересирани и мотивирани за оваа позиција, испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака  Account manager. Краен рок за аплицирање: 24 Октомври 2019.

Со пријавувањето на овој конкурс, вие се согласувате вашите податоци да се користат за процесот на регрутирање и селекција и дека доколку не сте избрани во првиот круг, работодавачот може да ве контактира во текот на следната година доколку се појави потреба од исто или слично работно место.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »