ИНЖЕНЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика распишува

ОГЛАС

за ИНЖЕНЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

 

Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.

Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование, Инженер за заштита на животна средина, (предност ќе имаат кандидатите со м-р или д-р);
  • Најмалку 5 години работно искуство како консултант за заштита на животна средина и изработка на документација за заштита на животна средина согласно македонско законодавство. Предност ќе имаат кандидати со искуство во изработка на документација за заштита на животна средина согласно барањата на странски финансиски институции (како Светска Банка, ЕБОР и др.)
  • Искуство во надзор над изградба и реконструкција на државни патишта најмалку 2 (две) години;
  • Искуство во меѓународни проекти од областа на животната средина ќе се смета за предност;
  • Да поседува Овластувања од КОАИ за Проектирање и Надзор;
  • Поседување на сертификат/и од областа на животна средина ќе се смета за предност: Сертификат за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оценка на влијанието на проектите врз животната средина, Сертификат за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за стратегиска оценка на животната средина, Сертификат за управување со отпад;
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен), (познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност);
  • Работа со компјутери (MS Office, Internet, Auto CAD);
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци;
  • Истражувачки вештини и креативност;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување и ефикасна реализација на повеќе истовремени проекти;
  • Изразени интерперсонални вештини и комуникациски способности;
  • Позитивен став кон работата.

 

НИЕ НУДИМЕ

  • Можност да сте дел од уникатен приватен научен институт со позитивна работна атмосфера;
  • Меѓународна работна средина и учество во меѓународни проекти;
  • Градење на успешна кариера преку можности за личен и професионален развој.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, знаења и способности потребно е да достават (по пошта или e-mail) мотивационо писмо, СV, диплома, потврди и сегашна  фотографија до:

Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ,

ул. Дрезденска бр.52 Скопје или на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 31.12.2019 година.

http://www.iege.edu.mk

*Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака и без потребните документи нема да бидат разгледани.

 

 

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »