Плата од 27.500 ден.
За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.
Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Води евиденција на сите предмети во рамките на организациониот дел;
- Ги извршува сите административно технички работи поврзани за процесот на пријава, решавање и ликвидација на штети и регреси;
- Отвара предмети на штети, судски предмети и регресни барања и архвира решени предмети;
- Евидентира судски покани;
- Врши експедиција на пошта и врши распределба на примената пошта по предмети;
- Врши автоматска обработка и евидентирање на сите судски и вонсудски спорови.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Ажурно води евиденција за состојбата на долгувања и побарувања по судски и регресни предмети;
- Секојдневно следи ги уплатите по регресни побарувања во координација со Секторот за екомонско-финансиски работи;
- Води евиденција и пресметка на судски такси по сите основи.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
- Солидно познавање на Microsoft Office.
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, ажурност;
- Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
- Ќе се смета за предност претходно искуство во подрачјето на архивско работење.
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
- Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
- Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
- Соработка на проекти во меѓународна околина;
- Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство.
- Основната нето плата за оваа позиција изнесува 27.000,00 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот.
Доколку сте заинтересирани, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000IRjos
Слични огласи »