СТРУЧЕН СОРАБОТНИК - скратено работно време

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различноста и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерното и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.

Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на СТРУЧЕН СОРАБОТНИК работа во домашни услови со дете (7 години) што има развојна дисфазија со можност за ПРИЈАВУВАЊЕ ВО РАБОТЕН ОДНОС

Скратено работно време, штом детето се врати од училиште: 14:00 - 18:00

Локација: Тафталиџе

Плата: По договор и можност за пријавување во работен однос

Клучни одговорности на стручниот соработник:

  • Помош околу пишување на домашни задачи
  • Вежбање со детето за подобрување на концентрацијата, говорот и моториката,
  • Пречекување на родителите

Квалификации и вештини:

  • Високо образование и насочено образование ќе се смета за предност(педагог, психолог, дефектолог),
  • Одлични комуникациски вештини,
  • Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување,
  • Сериозна и стабилна личност.

Нудиме:

  • Можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување, 
  • Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата,
  • Пријавување во работен однос,
  • Можност за едукација, 
  • Присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 06 ноември 2017 година.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »