Архитект/Градежен инженер

  • Објавен пред 3 месеци
  • Skopje East Gate
  • Активен до 26.04.2019
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

Скопје Ист гејт“ (СЕГ) дел од „Балфин“ групацијата е мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк, на површина од 152.000 квадратни метри. За нашите потреби распишуваме оглас за

 

Архитект/Градежен инженер

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • Завршено соодветно високо образование/ Архитектонски факултет или Градежен факултет
  • Претходно работно искуство од  минимум 5 години
  • Потребно е искуство во градежен сектор – техничка служба
  • Предност ќе се смета и работно искуство во оператива
  • Одлично познавање и активно работење во AutoCAD и апликациите од MS Office пакетот
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Способнoст за јасно комуницирање со проектниот тим, одлични презентациски вештини
  • Ефикасно планирање и организациски вештини
  • Способност за приоритизирање на задачите и работа со временски рокови

 

Одговорности и работни задачи:

  • Изработка на предмер пресметки за тендерски постапки во областа на градежништво во  високоградба
  • Во согласност со градежната и проектна документација врши соодветни пресметки и калкулации
  • Дефинира описи, количини и технички нормативи кои што ги проследува до изведувачите
  • Ги следи движењата на пазарот на градежни материјали и суровини
  • Комуницира со изведувачите и градежните компании за време на градежните фази од проектот
  • Работи во рамки на буџетот и зададените временските рамки

 

Работни услови:

  • Компензација во согласност со искуството и работните обврски;
  • Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавецот;
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим

 

Доколку сакате да станете дел од овој возбудлив проект и воедно ги исполнувате потребните квалификации, доставете ја вашата кратка биографија, мотивационо писмо и препораки со назнака „Оглас за Архитект/Градежен инженер“ на следната адреса: careers@seg.mk

 

Огласот е активен до 26.04.2019

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат контактирани за понатамошна селекција

КЛИКНИ