Администратор за логистика

За компанијата: EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти. повеќе за компанијата »

ЕРИ Корпорација ДОО Битола, има потреба од вработување на високо мотивирани личности кои одговараат на описот за работната позиција:

                                                                  АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОГИСТИКА

Главни обврски на работното место:

  • Работни операции поврзани со планирање и организирање транспорт на готов производ

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование – предност технички науки
  • Пожелно претходно искуство и познавање на технички детали при организација на транспортот
  • Познавање и работа со мерни единици (координација на димензии, одредување на површини и квадратури)
  • Работа со компјутери – задолжително познавање на Excel, познавање на Microsoft Office
  • Активно користење на англискиот јазик (пишување и говорење)

Лични вештини и карактеристики:

  • Развиени комуникациски и организациски вештини
  • Самоиницијативност, способност за самостојна и тимска работа
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Ефективна организација на работното време и навремено исполнување на зададените задачи
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност

Потребни документи:

  • Писмо за интерeс
  • Биографија (CV) со фотографија

Почитувани апликанти, доколку сте заинтересирани за работната позиција испратете ги погоре наведените документи со назнака за “Администратор за логистика” објаснувајќи ја Вашата погодност за оваа работна позиција на нашиот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Ви благодариме за Вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »