- Објавен на 1.2022
- Беташпед ДОО
- Активен до 20.01.2022
- Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
- Локација: Скопје
- Телефон: 023173715
(преземи го огласот во Word)
Претпријатието “Беташпед Доо“ (https://www.betasped.org/) е основано во 1992 година и е меѓу првите основани приватни шпедитерски фирми во Македонија. Ние се гордееме со својата континуирана, долгогодишна и успешна работа. Дејноста на претпријатието подразбира обавување на сите фукции во областа на меѓународната шпедиција како царинење на стоки за увоз, извоз или реекспорт, сите видови на транспорт на стоки како и складирање под царински надзор.
После 30 години постоење слободно можеме да кажеме дека сме една од водечките компании во нашата бранша и во овој момент опслужуваме повеќе клиенти во земјава и странство.
Со зголемениот обем на работа, Компанијата има потреба од Сметководител кој ќе се вклучи во тимот на Сметководители, една од движечките сегменти во оформувањето на Беташпед во успешна приказна. Потенцијалниот кандидат потребно е да ги извршува следните обврски:
Обврски и Одговорности:
- Одлично познавање на финансиското работење
- Евидентирање на излезни и влезни фактури
- Евидентирање на денарски и девизни изводи
- Изработка на компензации и цесии
- Комуникација со клиенти
- Проверка на аналитички картички
- Плаќање на налози
- Останати сметководствени активности во делокругот на финансиското работење
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование.
- Одлично познавање на Microsoft Excel, Outlook
- Минимум 2 години работно искуство во областа на сметководството
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
Профил на личност:
- Способност за тимска работа и самоиницијативност
- Лојалност и флексибилност
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Способност за запазување рокови и работа под притисок
Доколку се вклопувате во наведениот профил, Ве молиме да ја испратите вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 21.01.2022 година.