ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

За потребите на нашиот клиент, современа и иновативна компанија, чија основна цел е на своите клинети  да им понуди различни видови решенија и услуги  за да ги заштити нивните интереси, да овозможи сигурност на нивните средства и да создаде профит со соодветно инвестирање, Декра ја огласува следната позиција:

  • Внатрешен Ревизор

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Утврдува дали Друштвото ги извршува работите на осигурување во согласност со Законот за супервизија во осигурувањето;
  • Утврдува дали Друштвото ги извршува работите согласно внатрешните прописи на Друштвото со кои се уредува работењето на Друштвото;
  • Утврдува дали Друштвото води трговски книги;
  • Подготвува годишни извештаи и ги вреднува ставките во годишните пресметки;
  • Најмалку два пати годишно подготвува извештај за спроведена внатрешна ревизија, со содржина и во форма согласно со Законот;
  • Изработува годишна програма за внатрешна ревизија која содржи области од работењето на Друштвото на кои ќе врши ревизија со опис и содржина на планирани оперативни ревизии на одделни области во работењето;
  • Изработува годишен план за работа на внатрешната ревизија;
  • Ги следи законите и прoмените во законите од областа на осигугувањето;
  • Ја информира јавноста за податоците од годишниот извештај согласно со Законот и внатрешните прописи на Друштвото.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС- Економски факултет;
  • Лиценца за внатрешен ревизор;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Познавање на анлиски јазик.

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за организација и контролирање на работата и обврските;
  • Конструктивен пристап кон работни процеси, стратегии и цели;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е: 02/07/2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »