Самостоен соработник за финансии

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен соработник за финансии

  • Изготвува редовни извештаи за финансиското работење на Друштвото,
  • Учествува во пресметување на коефициентот на ликвидност на дневна база;
  • Врши пресметка на плати и други надоместоци на вработените, надоместоци на органи на Друштвото, надоместоци за други надворешни лица
  • Врши контрола на финансиските трансакции на дневна основа;
  • Врши анализа на трошоци и се грижи за почитување на одобрениот буџет од страна на Друштвото
  • Учествува во изготвување на процеси и процедури од областа на финансиско работење;
  • Го следи процесот на вложување на финансиските средства;
  • Учествува во изготвување на месечни, квартални и годишни даночни пријави;
  • Подготвува налози за исплата, денарски и девизни (фактури,провизии судски такси , плати);
  • Доставува налози за исплата во банка и грижа за нивно точно и навремено извршување;
  • Изготвува финансиски анализи од месечната активност, вклучително споредбено со изминати периоди, варијации и на буџети и сл.
  • Го следи процесот на управување со готовина, плаќања, побарувања и наплата;
  • Врши анализа на трошоци  по организациони единици и подружници и по потреба предлага мерки за нивно намалување;
  • Учествува во релизирање на обврските на Друштвото кон Агенцијата за супервизија на осигурување и други институции определени со Закон;
  • Учествува во усогласување на финансиското работење на Друштвото со применливата даночна регулатива;
  • Врши и други работи по барање на претпоставени лица.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование VII/1 степен;
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција 3 (три) години;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
  • Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook), познавање на сметководствени политики и финансиска анализа;
  • Способност за тимска работа;
  • Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.

Бенефиции:

  • Платено приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
  • Слободен ден за роденден;
  • Подароци за вработени во определени прилики (роденден, новороденче и сл.)
  • Други бенефиции.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Самостоен соработник за финансии”.

Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за намената од овој оглас. Податоците ќе бидат избришани во рок од 1 година од приемот. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »