Архивар-оператор во книговодство

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следнaтa работнa  позициja:

АРХИВАР-ОПЕРАТОР ВО КНИГОВОДСТВО

Датум на објава:

5 Август 2021

Рок за пријавување до

12 Август 2021

Број на оглас:

О-210805-АД-АО

Сектор:

Администрација

Локација:

СКОПЈЕ

Работни задачи:

  • познавање и работа на материјално и финансиско работење,
  • анализа на спецификации на конта,
  • сложување на картици и изготвување на записници,
  • книжење, прибирање и редење на патни налози и товарни листи, проверка на трошковници за гориво,
  • изготвување на обврзници и правење на компензации за истите,
  • изготвување на месечни извештаи за трговија за Завод за Статистика,
  • печатење на дневен фискален извештај, негова контрола и срамнување,
  • книжење на изводи,
  • проверка на претплати, анализа и нивно решавање,
  • салдирање/фактурирање,

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Одлична комуникација,
  • Професионално однесување,
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е во две смени: од 06.00 до 14.00 часот и од 10.00 до 18.00 часот, од понеделник до петок.
Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место ќе зависи од квалификациите и искуството на кандидатот.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »