ОПЕРАТОР ЗА ПРИМАРНО И СЕКУНДАРНО ПАКУВАЊЕ

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите. За потребите на наш клиент, водечка команија во производство и трговија на производи за здрава храна бараме:

 

                                     ОПЕРАТОР ЗА ПРИМАРНО И СЕКУНДАРНО ПАКУВАЊЕ

 

 Опис на работното место:

Оперативни функции и задолженија

  • Врши мерење на  дози за рачно пакување;
  • Врши чистење, селекција и обработка на свежо овошје;
  • Врши примарно и секундарно пакување;
  • Врши рачно и автоматско пакување;
  • Работи со картоњерка, лепалка, пиштол за силикон, печка, вакумерка, катер за мелење, машина за пакување на чаши и туби и друга помошна опрема за работа;
  • Управува со рачен виљушкар;
  • Врши сушење, печење, вакумирање и други поврзани активности на суровините/производите, поврзани со процесот на пакување;
  • Со машините, опремата и алатите за работа управува и ги користи согласно упатствата за работа;
  • Води грижа за чистота на работната околина и хигиена на работната опрема;
  • Води грижа за правилно користење на заштитната опрема и презема мерки за намалување на можностите за влез на страно тело во суровината кога ракува со истата;
  • Врши контрола на тежината на производот во споредба со декларираната, изгледот на амбалажата, вар и форма на производите согласно Процедурата за контрола на готов производ;
  • Врши подесување и контрола на вагите;
  • Поставува и врши промена на фолија за пакување, подесување на лот, рок, код и сите потребни информации за амбалажата на производите, зададени од страна на Шеф на погон;
  • Води грижа за заштита на примарната амбалажа (фолии, кеси) по нивно користење.
  • Врши подготовка и машинско означување на етикети (лотови, рокови и др.).

 

Општи функции и задолженија

  • Строго се придржува до мерките за безбедност и заштита при работа;
  • Ги извршува задачите во согласност со Процедурата за производство;
  • Оптимално работење на машините и опремата за постигнување на работните налози без ризик за повреда и/или дефект;
  • Во секоја работна активност доследно ги применува стандардите за квалитет соодветни за работното место;
  • Постојано ги надградува своите компетенции и се прилагодува на нови технологии и подобрени работни процеси.

 

Квалификации:

  • Образование (минимум ниво) ССС
  • Специјални квалфик. (сертификати)   Сите интерни и екстерни обуки согласно работната позиција

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Г- ца Ирина Кузевска на +389 70 370 649 (Понеделник-Петок) или испратете email на  [најави се за да го видиш е-маилот]  до 19.09.2019.


Пробајте го The HeadHunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »