За компанијата: Успехот на МЗТ Пумпи е резултат на сопствен развој и истражување, имајќи посебен оддел за истражување и развој. Широкиот асортиман на производи на МЗТ Пумпи во денешно време е резултат на темелниот процес...
повеќе за компанијата »МЗТ Пумпи е производител на индустриски пумпи за транспорт на вода ,нафта и нафтени деривати. Со искуство од повеќе од 77 години има широк производен асортиман на центрифугални и волуметриски пумпи кои имаат широк примена во нафтена и гасна индустрија, процесна индустрија, наводнување и водоснабдување, рударство итн.
Опис на работните задачи:
- Одговорен за припрема за тендерска документација за тендери во земјата и странство.
- Секојдневно следење на активни тендери во земјата и регионот и проследување на информација до тимот.
- Следење на тендери до фаза на поднесување и секојдневно следење на сите прашања и одговори и нивно проследување до тимот.
- Поднесување на тендери преку систем за јавна набавка и комплетна припрема и координација на комерцијални,технички и правни документи.
- Следење на прашања и одговори во фаза на техничка евалуација.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование.
- Претходно работно искуство минимум 2 (две) години.
- Познавање на англиски и српски јазик.
- Работа со компјутери и Word, Excel, Outlook, Internet.
- Способност за координација и работа на повеќе проекти истовремено.
- Иницијативност, доверливост, одлични аналитички способности и тимски дух.
Испратете го вашето CV преку копчето АПЛИЦИРАЈ!
Слични огласи »