
За компанијата: Тиго Фајнанс ДОО е една од водечките компании во индустријата на финансиски услуги во Македонија, посветена на обезбедување на едноставни и одговорни финансиски решенија за своите клиенти.
Нашата мисија...
повеќе за компанијата »Платена практиканска работа
ФД ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје објавува оглас за платена практиканска работа во седиштето на компанијата во Скопје, како дел од Секторот за правни работи.
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и со висок степен на концентрација при извршување на работните обврски.
Услови од компанијата:
- Платена практиканска работа во период за период од 3 месеци
- Работно време од 4 часа, од понеделник до петок
- Современа и најнова технологија
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Обука од искусен вработен
- Можност за вработување по завршување на праксата
- Потврда и препорака од Работодавачот
Практикантот ќе има можност да се вклучи во различни правни активности и да ги извршува следниве задачи:
- Поддршка на правниот тим на друштвото;
- Помош при анализа и изработка на правни акти и документи за потребите на друштвото;
- Комуникација и координација со нотари, овластени преведувачи, адвокатско друштво и централен регистар за потребите на друштвото;
- Достава на дописи и извештаи до надлежните институции и друга административна поддршка;
- Помош при подготовка и организирање на документи и други материјали за правни активности;
- Одржување и водење на архивата на правниот сектор (електронска и хартиена верзија)
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Посветен студент или завршен студент на правни студии;
- Познавање на компјутерски програми MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Способност за работа во тим и самостојно извршување на задачите;
- Одговорност, прецизност и внимание на детали.
Слични огласи »