Административен работник (call center)

За компанијата: “Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето... повеќе за компанијата »

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија во Скопје објавува оглас за вработување на:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК (CALL CENTER)

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Искуство во работа со клиенти
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите

Одговорности и работни задачи:

  • Водење на општи административни работи на пулт 
  • Прием на повици и закажување на прегледи на пациентите кај соодветниот доктор (Call Center)
  • Прием, пречекување и внесување на пациенти во системот
  • Водење и припремање на статистички податоци за тековното работење 
  • Комуникација со пациенти за нивните потреби и укажување на помош 
  • Пратење на обуки за подобрување на ефикасноста на работењето
  • Партиципација во маркетинг активностите врз база на претходно воспоставен маркетинг план 

Личен профил:

  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Аналитички способности, упорни и енергични
  • Професионален и позитивен однос
  • Љубезност, учтивост и хуманост
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака “За оглас за Административен работник”.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »