За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан...
повеќе за компанијата »Ист Гејт Мол, дел од групацијата Балфин, е еден од најголемите шопинг центри во регионот, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Исте Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на одделението за оперативно работење, објавуваме конкурс за:
АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ
Одговорности и работни задачи:
- Одговарање на прашања на клиентите и посетителите;
- Одговарање, проверка и препраќање телефонски повици на професионален начин;
- Одговарање на информациите побарани преку е-пошта;
- Помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите;
- Насочување на протокот на информации потребни за да стигнат до наменетите примачи;
- Изложување рекламен материјал за тековните маркетинг кампањи на инфо пултот;
- Примање и проактивно решавање на проблемите и жалбите на посетителите доколку можат веднаш да се решат и соодветно ескалирање кон одговорните лица;
- Промовирање безбедна атмосфера во објектот со пријавување сомнителни лица на обезбедувањето;
- Дополна на паркоматите со монети и банкноти за соодветно функционирање на системот за наплата на паркинг системот;
- Уплата на дневниот промет во банка на дневна основа;
- Водење благајна за монетите и банкнотите за системот за наплата на паркинг
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Средна или висока стручна подготовка;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлично познавање Microsoft Office пакет;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Способност за препознавање и асистирање на потребите на клиентите ;
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Развиено чувство за работна етика
- Ориентираност кон посетители/клиенти
- Способност за самостојна и тимска работа
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: сменско, 40 часа неделно
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 18.08.2024.
Слични огласи »