АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

(преземи го огласот во Word)

Агенција за недвижности  Импулс постои повеќе од 20 години и успешно работи на пазарот со недвижен имот. Долгогодишното наше искуство како консултанти во областа на недвижноста, советување и посредување при купопродажба и изнајмување на недвижен имот, не прави лидери во областа во која работиме. Доказ за тоа е големиот број на лојални клиенти кои во нас препознаа сигурен партнер за соработка, што придонесува за зголемен обем на работа.

 

За таа цел,

Импулс агенција за недвижности има потреба од едно лице ( со или без работно искуство ) за работа како агент за недвижности, СЕКТОР ПРОДАЖБА. Работниот ангажман нуди можност за одлична заработка и се состои од извршување на административни работи и работа на терен.

Потребни квалификации:

-Добри комуникациски способности и продажни способности

-Познавање на англиски јазик, Office пакет и интернет

-Со или без работно искуство ( искуство во продажба ке се смета за предност )

Дополнително, потребно е бараното лице да е трудољубиво со позитивен став спрема работата и животот.

 

Доколку сакате да работите динамична работа и во тим со позитивна работна атмосфера, Вашето CV испратете го на:

[најави се за да го видиш е-маилот] или
 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »