Раководител во малопродажен објект - Скопје

Поради понатамошен развој и експанзија на нашата компанија, бараме:

Раководител на продавница за здрава храна во Скопје

Задачи:

  • Обезбедува непречен и точен тек на протокот на стока и продажниот процес во неговиот маркет согласно законските норми и правилата на БАКО. 
  • Постигнува одлични продажни резултати со умешно раководење со персоналот. Постигнува висока економичност во работењето и ниски трошоци.
  • Обезбедува точна состојба со точно куцање на каса, ниски кусоци, поголема ефективност во работењето и позадоволни купувачи. Co својот позитивен однос кон купувачите и познавање на артиклите, потребно е да ги задржи постојните и да привлече нови муштерии. Постојано да ја одржува исправноста на производите, нивното позиционирање, редот и хигиената во маркетот.

Потребни минимум квалификации за сите кандидати:

  • Вработените се потребни за продавницата во Скопје заради што, особена предност имаат кандидати кои живеат во овој град;
  • Минимум ССС (средно образование);
  • Работно искуство пожелно во областа (продажба);
  • Познавање на софтвер CFMA се смета за предност

Кандидатите треба да бидат аналитични, комуникативни и прилагодливи, подготвени за работа под притисок, способни за работа во динамична работна атмосфера и да се тимски ориентирани.

Ние нудиме атрактивна плата, стекнување искуство како дел на професионален тим и професионална работна атмосфера, како и можност за професионално усовршување и напредок во кариерата.

Аплицирајте со доставување на кратка биографија (CV) на македонски јазик на e-mail  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака "РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАВНИЦА СКОПЈЕ“. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »