(преземи го огласот како PDF)
T-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје која делува на територијата на целата држава. Во соработка со матичната компанија TÜV NORD GROÜP, нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD, главно со македонски експерти со сите овластувања на TÜV. TÜV NORD CERT им помага на компаниите - клиенти со аудити, тестирање и сертифицикација на системи за управување во областите на сертфикација на системите за квалитет, сертификација на персонал и сертифицирање на производи, IT сертификација и информациска безбедност, како и техничка инспекција.
за потребите на Т-ЦЕРТ/TÜV NORD бара
АУДИТОР / ОЦЕНУВАЧ за Food Стандарди (ISO 22000)
како многу одговорно работно место, каде работните задачи се извршуваат за аудитирање/оценување на компаниите/организациите во однос на барањата на меѓународните ISO Стандарди, со акцент на Стандардите, пред се на ISO 22000, понатаму ISO 9001 и HACCP
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Завршено високо образование – дипломиран инженер прехранбен технолог или дипломиран инженер агроном
- Ќе се смета за предност доколку кандидатот е веќе Lead Auditor за ISO 22000 стандардот и работи како Lead Auditor
- Ќе се смета за предност доколку кандидатот поседува Сертификат за Lead Auditor за ISO 22000, или ISO 9001 (IRCA)
- Претходно работно искуство минимум 3 години во струка поврзана со завршеното образованието
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан), познавањето на германски јазик ќе се смета за предност
- Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности.
Одговорност и задачи:
- Извршување на сертификациски проверки (аудити), со претходна обука обезбедена од стручни лица на TÜV NORD Cert
- Подготвување на извештаи во согласност со TÜV NORD Cert Стандардите, со претходна обука од страна на стручни лица од TÜV NORD Cert
- Одржување на состаноци со клиенти
Т-ЦЕРТ (TÜV NORD Cert) нуди:
Стабилна работа во странска компанија, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест (28.000 денари НЕТО почетна плата, за 6 месеци платата би била 38.000 денари НЕТО и понатаму платата ќе расте, следат и бонуси, се во зависност од ангажманот и волјата на вработениот за напредок и работа), со потенцијал за голем раст и развој. Се нуди и можност за напредување и усовршување, можност за ангажирање на меѓународни проекти и вршење на аудити и инспекции во странство. За позицијата следува службен автомобил, мобилен телефон и други потребни технички средства неопходни за работа.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на
[најави се за да го видиш е-маилот] , или за дополнителни потребни информации да се јавите на 070 399 457 од 08:00 до 16:00 секој работен ден.
Апликациите ќе се прифаќаат до 15.12.2021. Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани. Ви благодариме за вашиот интерес.