Електро инженер - Енергетска насока (без работно искуство)

За компанијата: МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Макстил АД Скопје:

Дигалкар - Леар - Машински техничар - Електро инженер - Електричар

ОГЛАС

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби.

Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:

Дипломиран електро инженер - Енергетска насока (без работно искуство)

Опис на работно место:

  • Планира, организира и координира со сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Ги контролира и спроведува потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок.

Потребни квалификации:

  • Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран електро инженер;
  • Без работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 02.06.2023 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Дипломиран електро инженер - Енергетска насока и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »