Арт Принт Студио, има потреба да вработи:
ДОРАБОТНИЦИ
Опис на работата и работните задачи:
Арт Принт Студио има потреба од доработници во печатница за работа во смени СО предходно работно искуство или лице кое има ОСОБЕН ИНТЕРЕС ДА НАУЧИ.
Работни задачи:
ПЕЧАТЕЊЕ НА ПЛОТЕР, ДИГИТАЛНО ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРИНТЕРИ, ПЛАСТИФИЦИРАЊЕ, ПРИПРЕМАЊЕ ФАЈЛОВИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ ВО COREL, PHOTOSHOP И ILUSTRATOR
ОДРЖУВАЊЕ НА ПРИНТЕРИТЕ
ЛЕПЕЊЕ НА ВОЗИЛА, КАШИРАЊЕ НА ФОРЕКС, СЕЧЕЊЕ НА ГРАФИЧКИ НОЖ
Лепење, штосување, хефтање, перфорирање, тврд повез и сите останати доработки во печатница.
Во случај да не знаете дел од наведените работи има простор за дообука.
Превземање на одговорност за временски и рокови.
Постојано зголемување на платата, после влегување во системот на Арт Принт следува договор и солидна плата.
Средина со висока професионалност. Можност за заработка во дополнителни часови.
Поддршка од целиот тим на Арт Принт Студио.
Поседување на возачка дозвола од Б Категорија е обавезително.
За таа цел потребно е лицето да поседува:
- Особен интерес за работа
- Лична и професионална ефективност
- Прецизност и ажурност во работата
- Подготвеност за работа во тим
- Подготвеност да ја прифати фирмата како своја
Вашето CV пратете го на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака „ОПЕРАТОР ЗА ДИГИТАЛНИ МАШИНИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ”.
Тел. 02/3063194,
НАПОМЕНА: КАНДИДАТОТ МОРА ДА ПОСЕДУВА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ОД (Б) КАТЕГОРИЈА.
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позиција за која се аплицира.