Електроинженер - проект менаџер

Фирма од Скопје има потреба за вработување на Електроинжинер - Проект Менаџер за изведба, пуштање во работа и одржување на системи за слаба струја (системи за автоматска детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап, системи за детекција на упад/кражба, системи за јавна објава и озвучување, системи за броење на посетители, компјутерски системи, системи за обесчадување) за деловни и индустриски објекти. 

Потребно образование: ВСС Факултет за електротехника (со насока која одговара на позицијата)

Опис:

  • Изработува првична проценка на обемот на работа, распоредот и ресурсите потребни за успешно завршување на проект.
  • Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти.
  • Води и изготвува градежни дневници и градежни книги, месечни извештаи за проектите со кој управува.
  • Подготвува и ги кооринира набавките на потребените инсталациони материјали и опрема.
  • Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот.
  • Ја представува компанијата на сите координативни проектни состаноци.
  • Изготвува изведбената проектна документација за проектите

Потребни вештини:

  • Мин. 2 годишно искуство на иста или слична позиција,
  • Активно познавање на AutoCAD, MS Office,
  • Активно познавање на технички англиски јазик,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови

Други вештини кои би биле предност:

  • Поседување на валидна лиценца за изведба (раководител на градба) (електротехника) на градби од “А/Б” катергорија , издадена од Комора на овластени архитекти  и инженери на Р.Македонија,
  • Поседување на валидна лиценца за проектант (електротехника) на градби од “А/Б” категорија , издадена од Комора на овластени архитекти  и инженери на Р.Македонија,

Фирмата нуди:

  • Континуирано усовршување во сите области со обуки во странство (стручни, индивидулани,..)
  • Соодветна финансиска компензација
  • Динамична и интересна работна средина во проектно ориентиран тим

Кратка биографија и мотивациско писмо да се достави на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »