За компанијата: Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 5 години, и е пласиран на пазарот со 4 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин...
повеќе за компанијата »Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 5 години, и е пласиран на пазарот 5 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Т.Ц.Лептокарија, Capitol Mall, East Gate Mall и City Mall.
Еден од нашите најважни приоритети е квалитетен кадар кој е задоволен од условите за работа.
Имаме потреба од овластен сметководител кој ќе ги води сите задачи самостојно.
- Вработувањето е на полно работно време од пон.-петок од 08 до 16 часот. Викенди и празници не се работи.
- Потребно е познавање на самостојно книжење на финансиска документација.
- Платата е во зависност од искуството.
Квалификации:
- Универзитетско образование – Економски факултет
- Лиценца за Овластен Сметководител
- Релевантно искуство од најмалку 3 години во областа
- Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
- Одлично познавање на MS Office
- Висока работна етика, одговорност и организациски способности
- Способност за запазување рокови и остварување на резултати
Одговорности:
- Подготовка на сметководствена документација: подготовка на плати, внесување на пресметки за увоз на роба, пријава и одјава на вработени, самостојно изготвување на завршна сметка, ДДВ пријава, персонален данок, данок на добивка.
- Контрола на финансиска и материјална евиденција, контрола на пописи (ад хок)
- Евидентирање на влезни и излезни фактури
- Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски прописи
- Давање на предлози и сугестии за можно зголемување на ефикасноста во работењето
- Буџетирање и контрола
- Комуникација со сите релевантни државни институции
Сите заинтересирани да аплицираат на [најави се за да го видиш е-маилот]