Дадилка - ЖДАНЕЦ

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различитост и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерно и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.

Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на

ДАДИЛКА – негувателка на бебе(14 месеци) во домот на семејство, реон ЖДАНЕЦ, полно работно време 08:00 - 17:00 часот понеделник - петок

Плата по договор

Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето. Секое семејство има различни побарувања и очекувања, што значи дека и секоја негувателка има релативно различен фокус во својата работа. Возраст на детето, начин на исхрана, омилени активности или посебни потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.

Клучни одговорности на дадилката:

  • Грижа и нега на детето на возраст од 14 месеци

  • Хранење, стерилизација на шишиња

  • Подготовка на оброци за детето и хранење

  • Бањање, облекување и пресоблекување

  • Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето

  • Одржување на детска соба и простор за играње

  • Грижа за играчки и детски алишта

Квалификации и вештини:

  • Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)

  • Одлични комуникациски вештини

  • Препораки од претходни работодавачи

  • Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување

Нудиме:

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област. 

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 8 декември 2017 година.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »