Инженер за Телекомуникации (М/Ж)

За компанијата: СИГМАТЕЛ Д.О.О. е систем интегратор за комуникациски решенија, со искуство во дизајнирање иновативни мрежни решенија и обезбедување напредни професионални услуги. На нашите клиенти нудиме решенија за... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ОГЛАС Бр.2

ИНЖЕНЕР за Телекомуникации (M/Ж)

Опис на работно место:

  • Планирање и имплементација на решенија за имплементација на IP мрежи;
  • Следење на развојот на мрежните технологии;
  • Тестирање на перформанси на опрема од различни производители;
  • Одржување на широкопојасни мрежи;
  • Посета на локации за имплементација на проекти од телекомуникации;
  • Интервенција во случај на дефекти;
  • Поддршка на продажни активности и презентации на корисници;

Потребни квалификации на кандидатот:

  • Високо образование факултет за електортехника и информациски технологии;
  • Општо познавање на ИТ, телекомуникациски и други современи технологии;
  • Познавање на работењето и управувањето со IP мрежи (комутирање, рутирање, протоколи за рутирање, отстранување проблеми и решавање проблеми во податочни мрежи);
  • Работно искуство во инсталација, пуштање во работа, одржување и детекција на грешки на комуникациска IP мрежна опрема;
  • Употреба на компјутерски алатки и вештини (особено MS Office);
  • Комуникациски вештини и способност да учествуваат во група/тим;
  • Способност за работа во ограничени и интензивни временски рамки;
  • Автономија и самоиницијативност;
  • Задолжително познавање на компјутерски мрежи
  • Посакуван валиден сертификат CCNA или слични сертификати;
  • Возачка дозвола од категорија Б;
  • Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен);

Ние ви нудиме:

  • Работат во динамична, модерна и релаксирана средина;
  • Можност за дополнително образование и обука;
  • Редовно и стимулативно плаќање;
  • Договор за вработување на определено време со можност за вработување на неопределено време;

Потребни документи:

  • Професионална биографија /СV,
  • Поседување на валиден CISCO сертификат ќе се смета за предност

Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »