Работници за физичко обезбедување.

  • Објавен на 10.2021
  • ОСА ДООЕЛ Скопје
  • Активен до 06.11.2021
  • Позиција: Обезбедување
  • Локација: Скопје

Првата линценцирана агенција за обезбедување на лица и имот на територијата на Република Северна Македонија „ОСА ДООЕЛ Скопје“, има потреба од кандидат на следната работна позиција:

РАБОТНИК ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

на трговски центар (Skopje East Gate Mall), со или без искуство

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование;
  • Лиценца за физичко обезбедување;
  • Психофизичка подготвеност;
  • Способност за индивидуална работа и работа во тим.

Пожелни квалификации:

  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Претходно искуство како работник за обезбедување.

Опис на работни обврски:

  • Физичко обезбедување при влез/излез на луѓе и возила;
  • Физичко обезбедување при патролирање во дадена зона;
  • Одржување на јавен ред и мир во објект согласно правилата на однесување во објектот;
  • Известување и соодветна навремена безбедносна реакција во случај на потреба;
  • Редовно прибирање на информации за физичкото обезбедување и следење на безбедносната состојба во објект;
  • Работа со радиоуреди;
  • Работа во смени.

Компанијата нуди:

  • Платата до 21.000 денари (во зависност од работната позиција и искуството);
  • Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;
  • Динамична работна средина;
  • Редовни месечни примања;
  • Бонуси и награди за успешност.

Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или исконтактирајте нé на телефон 075/203-803.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »