Референт за финансии

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Нашиот реномиран клиент ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германските железници (Deutsche Bahn) тие организираат транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нивните 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, Вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзуа светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираат врз основа на нивното искуство, перспективи, способности и вештини.

 

Заради проширување на тимот во сметководство и финансии, потребен е:

Референт за финансии

Вашите задачи:

 

  • Подготовка на денарски плаќања
  • Подготовка на девизни плаќања
  • Подготовка на благајнички извештаи
  • Подготвување на патни налози
  • Архивско работење
  • Сложување на карици со купувачи/добавувачи (домашни и странски)
  • Контакти со банки
  • Контакти со државни институции(УЈП,Централен регистар, Фонд за ПИОМ, Фонд за здравство)

 

Вашиот профил:

 

  • Основно познавање за финансии и сметководство
  • Искуство не е задолжително
  • Диплома за завршено високо образование
  • Возачка дозвола
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот, особено Excel

 

Вашите вештини и способности:

 

  • тимски ориентирана личност
  • силна посветеност на работата
  • одговорност, организираност, педантност
  • желба за учење и напредок

 

 

Нашата понуда:

 

  • работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
  • фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
  • организиран превоз до/од работа
  • привлечна плата и бенефиции
  • можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
  • обуки за личен и компаниски развој
  • одлична работна средина и тим за работа

 

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
 rabota@esi.mk, www.esi.mk

 

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »