
Компанија: Глобе Виллиамс ДОО Скопје е интернационална компанија за пружање на услуги во одржување на погони и постројки за големи клиенти од сите индустриски гранки. Нашата основна дејност е да обезбедиме квалитетни услуги за управување со погон и постројки во различни трговски и индустриски објекти на национално и меѓународно ниво.
Работна позиција: Техничар за одржување
Локација: Индустриска Зона - Илинден, Скопје
Работните задачи се извршуваат во индустриски услови, т.е. производствени капацитети, магацини, административни канцеларии итн.
Работен распоред: Понеделник – Петок, во две смени. Прва смена 06:00-14:00 часот и втора смена 14:00-22:00 часот.
Главни задачи:
- одржување на соодветно ниво на залиха на потрошен материјал и ситен алат согласно потребите на клиентот;
- извршување на дневни задачи за испраќање, примање и складирање на потрошен материјал за и во име на компанијата и на клиентот;
- услуги за одржување на објекти, опрема, мебел, алати и други подвижни и неподвижни инсталации;
- извршување превентивни и корективни работни задачи;
- основни водоводџиски задачи: одржување на тоалети, писоари, мијалници и славини, одводи на под, мали протекувања и сл.;
- основни електричарски задачи: менување на сијалици, решавање на електричарски проблеми со модуларен мебел, идентификување на прекинувач, приклучок и слични електрични и мрежни инсталации итн.;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Подготвеност за работа во 2 смени
- Средно или високо техничко образование
- Искуство во одржување на објекти ќе се смета за предност
- Основни водоводџиски и електричарски вештини
- Способност за работа со компјутер
- Возачка дозвола Б категорија
- Тимски играч
ШТО НУДИМЕ:
- Одличен финансиски пакет
- Обезбедена храна и превоз до/од работното место од страна на компанијата
Слични огласи »