Цементарница УСЈЕ АД Скопје лого

Отворени работни позиции

За компанијата:

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати  и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Инженер за автоматика

Инженерот за автоматика ќе биде дел од тимот за електро одржување на опремата во фабриката применувајќи ги најдобрите методи за превентивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, учество во подготовка и имплементација на нови проекти. Кандидатот ќе биде главно задолжен со подготовка на PLC и SCADA софтвер, останати индустриски софтвери, индустриска автоматизација (фреквентни регулатори, мерења на процесни величини). Извршувањeто на задачите во најголем дел е самостојно, како водач на тим или дел од тим. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е од 31.000 до 36.700 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:

• Дипломиран електро инженер, ВСС/VII степен

• Работно искуство од минимум 6 месеци во областа на PLC и Scada програмирање, искуство со Siemens PLC и Scada ќе се смета за предност

• Компјутерски вештини – Microsoft околина

• Познавање на софтвери за изработка на електрични шеми (AutoCAD, EPLAN) ќе се смета за предност

• Практично искуство со параметрирање и пуштање во работа на фреквентни регулатори ќе се смета за предност

• Одлично познавање на англиски јазик

 

Електротехничар во електро одржување

Избраниoт кандидат ќе бидe задолжени за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување.

Кандидатoт преку работење според план придонесува кон перформансите на тимот за електро одржување. Работите ги извршува според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прави во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време се одвива во три смени.

Основната нето плата за работното место е од 26.800 до 30.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа, како и бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:

  • Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
  • Работно искуство од 1-3 години во индустрија ќе се смета за предност
  • Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS
  • Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и електромотори
  • Познавање на англиски или германски јазик ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо

2. Биографија (CV)

3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

 

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »