Комерцијалист за набавка

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Имаме потреба од:

Комерцијалист за набавка

Потребни квалификации:

  • Високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет),
  • Претходно работно искуство во веледрогерија,
  • Задолжително добро познавање на англиски јазик,
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office,
  • Положен возачки испит (Б категорија) и активно возење.

Работни обврски:

  • Нарачка на роба
  • Контрола на про-фактура, калкулација и фактура и нарачка на декларации.
  • Секојдневна комуникација со: Добавувачите; Аптеките итн
  • Контрола на акциски, месечни и квартални одобренија.
  • Проверка на залиха
  • Одредување на динамика на нови производи и корегирање на постоечката доколку е потребно.
  • Давање на предлози и теми за : списание;  реклами на социјални мрежи; производи на Лојална Картичка; неделни и месечни акции
  • Контрола и проверка на договори со добавувачите за комерцијални услови, рабати, времетраење...
  • Анализа на моментална залиха за сите добавувачи на месечно ниво (набавка, продажба и залиха).
  • Месечно доставување на извештаи за добавувачите.
  • Анализа на предлог понуди,  акции и нивно следење.
  • Тековни состаноци со добавувачи.
  • Изработка на извештаи на барање на претпоставените.

Доколку  имате компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Комерцијалист за набавка  на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »