Специјалист за корисничка поддршка на италијански+англиски јазик во областа на туризмот (м/ж)

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот! 

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 47.300 денари;
  • Можност за работа од дома: работи од удобноста на твојот дом по успешно совладување на обуката која трае 3 недели;
  • Можност за работа на скратено или полно работно време;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој 
  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти;
  • Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на италијански јазик во областа на туризмот!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик: биди гласот на една од водечките тур-оператори во светот;

  • Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со резервациите на клиентите;

  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудените тури;

  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;

Што бараме?

  • Италијански гуру: задолжително течно познавање на италијанскиот јазик (усна и писмена комуникација);

  • Покрај италијанскиот, задолжително е познавање и на англискиот јазик (се работи паралелно со двата јазика);

  • Основни познавања од работа на компјутер;

  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;

  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;

  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;

  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;

  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;

Само апликациите добиени преку овој линк ќе бидат вклучени во процесот на селекција: https://apply.careers.transcom.com/careers/JobDetail?jobId=4927&source=Kariera.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »